Почетна Интервју Архиепископот Елпидофор: Кога луѓето се менуваат, тогаш се менува и Црквата
Архиепископот Елпидофор: Кога луѓето се менуваат, тогаш се менува и Црквата

Архиепископот Елпидофор: Кога луѓето се менуваат, тогаш се менува и Црквата

245
0

Интервју: Архиепископот на грчката православна архиепископија во Америја, Елпидофор за „Монокл“ во Њујорк.

Дали е потребно повеќе да се стремиме кон пожртвуваност во нашиот живот? 

A.E.: Идејата на пожртвуваност има социјална а можеме да кажеме и политички последици во едно општество. Да се поучуваат луѓето на пожртвуваност, му помага на едно општество да напредува во областа на социјалната правда, демократијата, верската слобода и секаков друг вид на слобода.

Кои се клучните предизвици на Православната Црква денеска? 

A.E.: Често зборувавме за климатското затоплување во последниве години, но разликата е што денеска не зборуваме повеќе за затоплување, туку за горење, заради тоа што планетата гори – и тоа е загрижливо. Потребно е да го преиспитаме нашето однесување кон општеството и да побараме поддршка од сите легитимни извори како на пример Црквата, научниците, факултетите за да се справиме со климатските проблеми и загадувањето на планетата. Се гордеам со тоа што нашиот Вселенски Патријарх Вартоломеј, благодарение на неговите иницијативи поврзани со намалување на загадувањето на планетата, е веќе запишан во историјата на човештвото како „Зелен Патријарх“.

Ве сметаат за модернизатор во Црквата. Дали се сложувате со тоа? 

A.E.: Обновувањето и модернизирањето на Православната Црква се од клучна важност во рамките на Црквата. Но во Православната Црква тоа се случува на тотално друг начин за разлика од црквите на запад – познато како реформирање на Црквата. Во Православната Црква, ги следиме промените во општеството со одредено задоцнување бидејќи по природа Црквата и Црковните институции се конзервативни и отпорни на било какви промени. Но кога луѓето се менуваат, тогаш се менува и Црквата.

Дали духовноста е поединечно важна за секого? 

A.E.: Ова општество е изградено врз вековно практикување на верата, така да на секого му е потребно тоа искуство. И да ја сподели својата духовност на конструктивен начин во општество, и за полезен баланс на сопствената духовна и телесна рамнотежа.

Како Црквата го обликува Грчкото општество денеска? 

A.E.: Во Грција, Црквата сѐ уште има доминантна улога. Можеби не Црквата како институција, но духовноста која што е длабоко врежана во срцата, умот и духот на Грчкиот народ. Не верувам дека било кој настан може да го промени тоа.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *