Исламската држава презеде одговорност за ужасниот напад врз џамијата во Авганистан

Date:

Share post:

Терористичката организација Исламска држава ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад врз џамија во североисточната авганистанска провинција Кундуз, објави групата.

Во нападот на џамијата загинаа стотина луѓе.

Џамијата ја користеа верници од малцинската шиитска муслиманска заедница,.

На местото беа испратени специјални единици, а очевидци велат дека експлозијата се случила за време на традиционалната петочна молитва.

Во Авганистан беа пријавени неколку напади во последните недели, вклучително и еден врз џамија во Кабул, за што одговорност презеде Исламската држава.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img