Секуларноста на турскот општество повтроно е дел од јавна дебата, откако новата Директива за Рамазан, која предвидува Рамазан-активности во основните училишта, настани како „Да разговараме на ифтар“ за средните училишта и гимназиите, како и заеднички ифтар-вечери со родителите, предизвика остри реакции, пишува Дојче Веле.
Посебно внимание предизвика препораката децата на возраст од 4 до 6 години да посетуваат џамии во придружба на наставници — обврска што, според критичарите, ги надминува развојните и педагошките рамки за толку мала возраст.
Министерството тврди дека учеството е доброволно и дека активностите придонесуваат за „морален и културен развој“. Но, според критичарите, формалната доброволност не гарантира дека учениците нема да бидат под суптилен или институционален притисок.
Отпор од синдикатите, родителите и опозицијата
Претседателот на синдикатот Еѓитим-Иш, Кадем Озбај, најави поднесување тужба, наведувајќи дека директивата ги нарушува член 24 (слобода на религија и совест) и член 42 (образование засновано на современи научни принципи) од Уставот.
„Училиштето е училиште. Начинот на кој треба да се одвива образованието е јасно утврден и во Уставот и во науката,“ рече Озбај, предупредувајќи дека претставување на религијата на мнозинството како „обединувачка вредност“ ги маргинализира другите групи.
Симге Јардим од синдикатот Еѓитим Сен оцени дека директивата е дел од поширока стратегија за општествена трансформација преку образованието. Таа предупреди дека религиски активности во предучилишните програми може да предизвикаат развојни ризици и да создадат притисок, иако формално се доброволни.
Загрижени се и здруженијата на родители. Здружението на родители на ученици Вели-Дер ја оцени директивата како „обид за претворање на јавните училишта во простор за практикување одредена вера“. Здружение на сите родители на ученици за солидарност ОВ-ДЕР предупреди дека мерката е спротивна на принципите на секуларност и еднаквост.
Главната опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) го покрена прашањето во парламентот, наведувајќи дека државата мора да остане неутрална. Пратениците предупредија на ризик за децата од предучилишна возраст, а пратеникот од ДЕМ-партијата Џелал Фират побара директивата да се повлече, нагласувајќи ги загриженостите на граѓаните Алевити.
Декларацијата „Заедно во одбрана на секуларизмот“, ја потпишаа 168 писатели, научници и новинари.
/Дојче Веле

