Почетна Вера МПЦ-ОА Торжествена прослава за Свети Кирил Лешочки во Лешок
Торжествена прослава за Свети Кирил Лешочки во Лешок

Торжествена прослава за Свети Кирил Лешочки во Лешок

2.19K
0

Тетовско-гостиварската епархија, втора година по ред ја одбележа манастирската слава на Лешочкиот манастир, по канонизацијата на Свтеи Кирил Лешочки во 2022 година. Празничната литургија ја отслужи надлежниот Митрополит Јосиф, во молитвено присуство на Архиепископот Стефан. Главен гостин на славата беше ректорот на богословското школо во Сремски Карловци, Јован Милановиќ од СПЦ. Со него допатувал и хорот на средното богословско училиште, кој пеел на време на литургијата.

Владиката Јосиф во бесетата порачал дека овој ден е значаен за полошкиот регион, но и целокупно за Македонската црква во нејзината полнота.

-Уште пред да биде канонизиран, генерации и генерации се просветлуваа од Кириловите дела напишани на разбирлив народен македонски јазик и доаѓаа во овој манастир да му се поклонат на неговото почивалиште. По канонизацијата, пак, од октомври 2022 година она што ме радува и што сакам да го споделам со вас е дека бројот на поклониците, кои се поклонуваат сега пред кивотот со светите моштите е уште поголем, а тоа е уште една потврда дека култот на нашиот денешен славеник е проширен и препознатлив кај верниот народ. Светиот Кирил Лешочки е добро познат на македонскиот народ. Неговиот епитаф, како и неговите книжевни дела се значајни за македонската наука, но она што е уште позначајно да се каже е дека тие дела се најзначајни за верниот народ и за МПЦ-ОА. Во нив, тој како црковен деец, како отец и игумен, свесен за духовната потреба на своите верници на едноставен начин им дава длабока верска поука, постојано поучувајќи ги како правилно да ја практикуваат нашата прадедовска вера. И во времето кога живеел светиот, но и во денешното време сме сведоци дека верската поука е потребна повеќе од било кога. И денес имаме верници, кои ненамерно, но поради недоволно познание на верата, истата погрешно ја практикуваат и црковниот живот го сведуваат само на традиција и обичај, иако тој треба да биде борба за стекнување на вечниот живот. Но, затоа сме тука ние свештените лица, кои треба постојано да го потсетуваме и насочуваме верниот народ да чекори по вистинскиот пат. Големината на денешниот светител е токму во неговата неуморливост и постојаност во подвигот на учителството, изјавил владиката Јосиф на литургијата.

По литургиското чествување, следела и традиоцнионалната манастирска прослава за гостите, на која се пееле и песни, објави преку социјалните мрежи оваа епархија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *