Почетна Вера МПЦ-ОА Нов ѓакон во Тетовско-гостиварската епархија
Нов ѓакон во Тетовско-гостиварската епархија

Нов ѓакон во Тетовско-гостиварската епархија

1.75K
0

Живомир Јосифоски од Тетово, професор во МПБ ,,Св. Климент Охридски”, е новиот ѓакон на Тетовско-гостиварската епархија. Го ракоположи митрополитот Јосиф во првата недела од Великиот пост – Неделата на православието, во Соборниот храм ,,Успение на Пресвета Богородица” во Гостивар.

На литургијата учествуваше и протојереј-ставрофор Јован Милановиќ,од СПЦ, ректор на Православната богословија ,,Св. Арсениј” во Сремски Карловци.

-На новоракопложениот ѓакон проф. м-р Живомир, кој е професор во нашата Македонска православна богословија, сметам дека нема потреба да му говорам за одговорноста во ѓаконската служба. Му посакувам само ревносно и достоинствено да богослужи за слава Божја и на својата Македонска Православна Црква. Бог да ве благослови. Имајте лесен и благословен период од постот, изјави владиката Јосиф по раколопагањето.

Во своја беседа за Неделата на Православието Јосиф меѓу другото истакна:

-,Оваа голема и света недела, се нарекува токму така заради сите победи кои Православната Црква од Исток ги има извојувано над сите лаги, над сите ереси, над сите невистини, победа на Православието над сите лажни учења, лажни философии, лажни култури и науки, со еден збор, победа над сè она што го поткопувало Православието. Најмногу од сè, оваа Недела на умот и срцето кон Господа Бога, Божјата Мајка и светиите кои се изобразени. Како догма на православното учење се утврдило дека ние кога се молиме или се поклонуваме на иконите и на фреските, ние не ги обожуваме ликовите, туку ги почитуваме. Кога ги целиваме, пак, ние не го целиваме дрвото и металот, односно материјалот од кој е направена иконата, туку го почитуваме и целиваме ликот кој е изобразен на таа икона, а преку почитта на светиите, ние го славиме и почитуваме Господа. Браќа и сестри, да се обратиме со искрена молитва кон светите отци коишто придонеле да се зацврсти вистинското учење за светите икони. Па преку нивните молитви да измолиме милост од Севишниот. На крајот од оваа моја беседа би сакал да му заблагодарам за денешното присуство и сослужување на почитуваниот Ректор на православната богословија ,,Св. Арсениј”- Сремски Карловац проф. Јован Милановиќ кој денес е тука со нас, заедно со матурантите од богословијата кои ни ја разубавија денешната Литургија со нивното прекрасно пеење, изјави владиката Тетовско-гостиварски.

Владиката на ректорот Милановиќ му подари свештенички одежди изработени во Охрид.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *