Почетна Вести Европа Папата го екскомуницира белгискиот епископ, кој пред една деценија прозна злоставување на деца
Папата го екскомуницира белгискиот епископ, кој пред една деценија прозна злоставување на деца

Папата го екскомуницира белгискиот епископ, кој пред една деценија прозна злоставување на деца

192
0

Папата Франциск го екскомуницира обесчестениот поранешен белгиски бискуп кој пред повеќе од една деценија призна дека сексуално злоставувал двајца внуци, соопшти денеска белгиската католичка црква.

Роџер Вангелуве (87) поднесе оставка како бискуп во Бриж во 2010 година, откако призна дека го малтретирал својот тринаесетгодишен внук.

Една година подоцна, тој призна дека малтретирал друг внук, но рече дека не се смета себеси за педофил.

Белгиското обвинителство тогаш изјави дека злоупотребата се случила многу одамна за Вангелуве да биде обвинет. Министерот за правда го повика Ватикан да му изрече строга казна.

„Задоцнета, но правилна одлука“
Белгиската католичка црква објави дека папата му го одзел свештеничкиот статус на Вангелуве. Премиерот Александре де Кроа рече дека белгиската влада го повика Ватикан брзо да реагира.

– Ова е вистинската одлука. Доаѓа доцна, но тоа е неопходен чекор за жртвите во нивната потрага по правда – објави Де Кру на платформата „Икс“.

Белгиската црква соопшти дека нејзините бискупи постојано барале протерување на Вангелуве и сметале дека е „срамно“ што тој официјално останал епископ и свештеник, иако под строги ограничувања.

Од црквата додале дека тој ќе остане во опатијата каде што моментално се наоѓа и дека ќе живее во изолација.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *