Почетна Политичка теологија Расте бројот на заинтересираните за едукативните средби во мијачкиот крај
Расте бројот на заинтересираните за едукативните средби во мијачкиот крај

Расте бројот на заинтересираните за едукативните средби во мијачкиот крај

1.17K
0

Продолжуваат едукативните активности меѓу различните возрасни групи во мијачкиот крај, за кои, од почетокот пред неколку месеци, бројот на заинтересираните постојано расте.

Тие се одржуваат во прекрасниот амбиент на возобновената трпезарија, во храмот посветен на Пресвета Богородица, кој во јули минатата година го доживеа своето торжествено осветување, откако претходно беше целосно возобновен од страна на игуменот на Бигорскиот манастир, епископот Антаниски, г. Партениј.

Едукативните средби се одржуваат со благослов на владиката Партениј, а се во рамки на долгогодишната манастирска социјално-образовна мисија.

-Овие едукативни средби, преку организирани предавања на различни теми од интерес, креативни работилници и сл., имаат за цел да ги развијат, односно да ги искористат силните капацитети на децата и младите луѓе, да ги запознаат сите возрасни групи со прекрасната православна традиција, која е темел на нашето образование и култура, но и да го зајакнат соживотот во овој шаренолик регион. Предавањата се многу интересни и интерактивни, и се отворени за сите, без оглед на етничката или религиската припадност, изјави за МИА сестра Ефимија од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во Рајчица.

Таа потенцира дека постојат неколку групи, кои се распределени според возраста.

-На наше големо задоволство, сè поголем број родители ги носат своите деца на овие предавања, доаѓаат и многу млади луѓе кои имаат неверојатни потенцијали и добро развиени практики за

унапредување на животот во заедницата. Присутни се и огромен број возрасни лица од целиот регион, кои благодарение на оваа иницијатива на нашиот Старец, владиката Партениј, уште повеќе се сплотуваат и развиваат поквалитетни меѓусебни односи, вели сестра Ефимија.

Оценува дека оваа повеќемесечна практика придонела за соработка и со други гости-предавачи, но и со институциите од регионот, кои сè поинтензивно се приклучуваат кон оваа значајна иницијатива, поддржувајќи ја на различни начини.

Ова, инаку, се први предавања на овие простори од ваков вид и за деца и за возрасни, а се иницирани од страна на игуменот на Бигорскиот манастир, владиката Партениј и кои според посетителите, многу се „полезни разговорите и толкувањата за Светата Литургија, на која присуствуваат во недела и на празниците“.

-Што се однесува до вероучението за деца, многу полезно делува усвојувањето на вистинските вредности, што ќе им помогне на децата да ги изградат правилно своите животи, односот кон Бога, кон себе и кон другите. Тоа ќе ги насочи во иднина да изградат здраво семејство и здрава заедница. Тука тие имаат прилика да споделат и свои размислувања и да се дружат меѓу себе. Не се заборава ниту потребата од училиштен прибор, па така на почетокот од учебната година, нашите деца добиваат основен материјал за настава. Секако, најмногу е застапена духовната поткрепа, која ете нив им се дава уште на самиот влез во животот. Тоа за нас, родителите, е од особена важност и ни го олеснува процесот на воспитание и подигање на своите деца во здрави личности, полезни за општеството, рече за МИА, Елена Видоеска од Ростуше, сопруга и мајка на две малолетни деца.

Додава дека на предавањата се запознаваат и со системот на вредности во црквата, при што согледуваме колку е, всушност, потребно тие да се „поприсутни во нашите животи, бидејќи ги менува на подобро, а тоа постепено го подобрува и општествениот живот во целина“.

-И сето ова има и друга димензија – соживотот во оваа средина, зашто предавањата се отворени за сите жители од нашиот крај. Разговараме за важноста од тоа да се почитуваат соседите, иако се со различни религиозни убедувања, имаме можност да го запознаеме другиот. Ова ја зацврстува сплотеноста и ја подига заедницата на многу повисоко и покултурно ниво, вели Видоевска.

Едукативните средби се одржуват еднаш неделно, одделно за деца и возрасни а присуствуват по околу триесетина деца а двојно повеќе возрасни.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *