Почетна Анализа Теориите на заговор не стивнуваат. Најново, запалените цркви дело на сатанисти
Теориите на заговор не стивнуваат. Најново, запалените цркви дело на сатанисти

Теориите на заговор не стивнуваат. Најново, запалените цркви дело на сатанисти

387
0

Теориите на заговор добиваат на интензитет, откако таблоидниот „Њујорк пост“, повикувајќи се на анонимни извори, објави дека њујоршките истражни власти одлучиле да отворат меѓународна истрага со цел да утврдат дали има некаква поврзаност во пожарите на Велигден во кои изгореа четири храма на четири православни цркви на три континенти.

spc menheten 1Неверојатната коинциденција од толку пожари на четири локации во светот, идентичноста дека станува збор за Православни храмови и денот Велигден, кога овие цркви го слават најголемиот христијански празник, е доволен мотив да се истражува подлабоко, но од друга страна и голем мотив за теоретичарите на заговори, дека сепак во позадина не е случајноста, туку нешто сосема друго.

Последните изјави на њујоршките противпожарни истражнители дека истрагата не е затворена и дека таа продолжува, иако за нив свеќите остануваат една од можните причини за пожарот во црквата на СПЦ „Свети Сава“ на Менхетен, дополнително фрла сомнежи.

Од четирите цркви кои гореа на Велигден најмногу настрадаа онаа на СПЦ во Њујорк и на МПЦ во Сиднеј Австралија. Но најмногу реакции, но и теории на заговор има токму меѓу српските верници.

Сомнеж во веројатноста црквата да била запалена од свеќи искажа и Патријархот Иринеј, како и српската црковна заедница во Њујорк, која таа вечер била на велигденска литургија.

И историчарот и директор на Балканскиот институт САНУ, Душан Батковиќ смета дека овие пожари не се случајност, но не лоцира што може да биде во позадина на „неслучајноста“.

-Треба да се почека истрагата, но толку храмови во ист ден, тоа никогаш се нема случено…Но не знам да почекаме да каже истрагата. Но, не може да се исклучи можноста тоа и да се подметнати пожари и да станува збор и за тероризам. Не се сомневам на никого, но сепак не можам да ја исклучам таквата можност, вели Батковиќ.

Српските медиуми одат и подлабоко во теоријата на заговори, па пожарот што на Велигден се случи во „Косанчичевиот венац“  во Белград го поврзуваат исто така со овие пожари. Всушност намерата била тој пожар да ја зафати зградата на Српската Патријаршија, што се наоѓа на само 70 метри од објектот каде избувнал пожарот, пишуваат српските медиуми.

Сепак најинтересна е теоријата на зговор која кружи на социјалните мрежи, а која потекна од еден таблоиден српски интернет портал, а заснована на лажна изјава на непостоечки канадски политичар според кој пожарите во четирите цркви се дело на „Сатанисти“.

Иако веста беше лажна, сепак таа стана доволен мотив за теоретичарите на зговори да отворат општа дебата на социјалните мрежи.

Каде е поврзаноста и која е теоријата на овој заговор?

Според нивните анализи поврзаноста на пожарите треба да се бара во три точки. Првата е Православната вера, како ортодоксна зачувана верска доктрина на учењето на Христос. Втората точка е верскиот празник Велигден, столб на Христијанството. Но, можеби најзначајна е третата точка и поврзаноста треба да се бара во датумот 1 мај. Токму тој датум ги поврзува сите три елементи, а бил мотивот за настаните.

Први мај, според теоретичарите на заговори покрај тоа што се слави како празник на трудот, кој потекнува од комунистичката традиција на работничкото движење, овој ден всушност е и ден на „Сатаната“.

Први мај, според овие луѓе е и празник на новиот светски поредок кој во основа е култен, па и сатанистички. Славењето на први мај има свои корени и во древните пагански празници, чие почитување е присутно и ден денеска. Во Европа на пример од многу одамна се слави Валпургиската ноќ. Во традицијата е позната како ноќ на вештерскиот бал на Брокен.  За нејзе пишува и Гете во делото „Фауст“. Во таа ноќ сите нечисти сили од целиот свет се собрале во Германија, на Брокен. Демоните доаѓаат на својата парада и во строј му се поклонуваат на сатаната. Валпургиската ноќ секогаш се паѓа на 1 мај, односно во ноќта помеѓу 30 април и 1 мај. Карактеристика за славењето на таа ноќ се големите огнови.

1 мај се споменува и како датум на основањето на првото сатанистичко друштво, но и датум на основањето на американската црква на сатаната.

Сите овие елементи, теоретичарите на заговори ги поврзуваат во едно и доаѓаат до неверојатниот заклучок дека мотивот поради кој изгореа 4 православни цркви на три континенти на Велигден на 1 мај е дело токму на станисти.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *