
Прва литургија на Архиепископот Стефан во црквата на чудотворната икона
511
0
Архиепископот охридски и македонски, г.г Стефан утре на празникот „Источен Петок, Балаклија“ ќе служи во црквата „Св. великомаченик Ѓорѓи“ во Трубарево.
Ова ќе биде прва негова богослужба во црквата во која веќе еден месец мироточи иконата на „Пресвета Богородица“.
За утрешната богослужба на Поглаварот на МПЦ во црквата во Трубарево се подготвуваат да дојдат и голем број верници.
Овој Храм на МПЦ во Скопската Епархија стана место кое секојдневно го посетуваат голем број верници од цела Македонија, молејќи се на чудотворната икона.