
Средба Бискупот Стојанов со полскиот амбасадор
70
0
Во средата на 04 мај Апостолскиот егзарх во Македонија и Скопски бискуп Киро Стојанов во просториите на Резиденцијата на Католичката црква го примил Јацек Мултановски, амбасадор на Република Полска во Македонија, придружуван отец Јан Сохоњ, професор на Универзитетот „Кардинал Стефан Вишински“ во Варшава и отец Кристоф Нидавтовски, ректор на црквата Свети Иван и предавач во архиепископското училиште во Гданск.
Двајцата професори од Полска се во Макеоднија по повод своите научни предавања поврзани со 1050 годишнина од покрстувањето на Полска, пишува „Католици.мк“