Старокалендарски владика по потекло Македонец и во Австралија – ја предводи Македонската вистинска православна црква

Date:

Share post:

Владиката Бенедикт, кој дејствува во рамките на грчка старокалендарска православна црква во Америка, не е единствениот Македонец по потекло, кој членува во ваков тип на цркви, надвор од јурисдикцијата на МПЦ-ОА.

Од објави на социјалните мрежи и од јавни настапи може да се забележи дека подолг временски период на територија на Австралија во црковниот живот дејствува старокалендарски владика по потекло Македонец, познат како Серафим Јованов.

Според достапните информации, тој настапува како архиепископ на старокалендарска (True Orthodox) јурисдикција позната како Македонска вистинска православна црква/Macedonian True Orthodox Church што дејствува надвор од канонската структура на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Во јавноста, засега, не се познати прецизни и проверливи податоци за тоа од која црква ја примил епископската хиротонија, но се претпоставува дека таа е извршена во рамките на некоја од постојните старокалендарски православни цркви.

Дополнително, во јавноста е познато дека како помошници и соработници на епископот Серафим дејствуваат и свештени лица кои претходно биле расчинети од владиката Петар, како и дел од верници кои, според нивни јавно изнесени ставови, изразуваат во континуитет незадоволство од владиката Петар како единствен митрополит во Австралија.

Во таа насока, дел од црковната и пошироката јавност логично го поставува прашањето, која е реалната потреба од постоење на втора „македонска“ православна црковна структура во Австралија, која делува во повеќе населени места низ Австралија, особено ако се има предвид дека и МПЦ-ОА богослужи по стариот (јулијански) календар, кој често се наведува како главна причина за издвојување на старокалендарските групации.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img