Делегација на Македонска алијанса за европска интеграција, партија на Македонците во Албанија, присуствуваше на традиционалниот божикен прием во Корчанската митрополија на Албанската православна црква.
На приемот биле претседателот на партијата, Васил Стерјовски заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата, Атанас Плоча, кој е и заменик градоначалник на Општина Пустец и Нико Андон.
Стерјовски вели дека на Неговото Високопреосвештенство г. Анастасиј, Митрополит Корчански, а преку него и на верниците во митрополијата му го честитале празникот и му посакале добро здравје, радост, среќа и благосостојба, со заложба за продолжување на верската хармонија, по која е препознатлива Албанија.
– Од наше и од име на партијата и Македонците, и до сите верници во земјава и светот кои го слават Божик според Грегоријанскиот календар, упатуваме честитки со желби за среќен и благословен Божик, исполнет со мир, љубов и благосостојба, посочи Васил Стерјовски.

