Митрополитот на Дебарско-кичевски Георгиј, отслужи Литургија во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево.
За време на Светата Литургија, владиката го произведе во чин протоереј свештеникот Александар Матески, како признание за неговата посветена и ревносна свештеничка служба во Црквата.
На литургијата присуствуваше и градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски.

