
Зголемувањето на цената на Хаџот за ова година за аџиите од Северна Македонија предизвика голема забуна во јавноста, особено кај оние кои решија оваа година да го исполнуваат петтиот столб на исламот. Во целиот регион цената беше поевтина отколку во Северна Македонија, пренесува порталот ТS на албански јазик.
Скопскиот Муфтија др. Еф. Ќенан Исмаили ја обвини комисијата за хаџ за недоволна транспарентност, во врска со ова порталот ТS се обидел да стапи во контакт Др. Еф. Ќенан Исмаили но и по неколку наврати нивно инсистирање не добиле одговор на нивните повици.
Порталот ТS јавно го прашува др. Еф. Ќенан Исмаили дали е спремен да се приклучува на групата членови на Ријасетот кои поднесоа пријава против Шаќир Фетаи во Основното јавно обвинителство во Скопје за злоупотреба на хаџот и нетранспарентноста.
Ако таксите во Саудиска Арабија се 1.700 евра, тогаш зашто се другите 4.850 евра, кога се знае дека единствена разлика помеѓу хаџот е умрата се таксите на саудиските власти а умрата се организира во текот на цела година и аранжманот се движи помеѓу 1.450-1.800 евра. За сите овие прашања порталот ТС не успевал да добие одговор ниту од ИВЗ ниту пак од Реисот Шаќир Фетаи ниту од Скопскиот Муфтија, кој од една страна обвинува за нетранспарентност а од друга страна е поврзан со злоупотреба.
Имено само за потсетување дека за аџилакот единствен организатор е Исламска Верска Заедница на РСМ и аранжманот на годишното поаѓање на аџилак е 6.550 евра, од земјава патуваат 2.030 муслимански верници од земјава.