Почетна Политичка теологија МК Концепт го поддржа протестот на МПЦ-ОА против законите за родова еднаквост
МК Концепт го поддржа протестот на МПЦ-ОА против законите за родова еднаквост

МК Концепт го поддржа протестот на МПЦ-ОА против законите за родова еднаквост

460
0

МПЦ-ОА ја доби и првата поддршка од политичка партија за најавениот протест на 29 јуни пред Соборниот храм, поради законите за родова еднаквост.

Македонски Концепт, на Петар Богојевски донел одлука за целосна поддршка на протетсот и го повикува членството за присусуство.

-Македонски Концепт дополнително реагира на најновите измени во Законот за матична евиденција со кои се интервенира во содржината на Изводот од матичната книга на родените, во која преку внесување на етничка припадност на граѓаните, во целост се суспендира граѓанскиот концепт на нашата држава, се воведува хибриден тип на етничка држава, која треба да прерасне во бинационална вештачка творба со тенденција на нејзино распаѓање. За таа цел, повикуваме масовно да се приклучат сите наши членови и симпатизери, но и сите граѓани кои посакуваме да живееме во нормална граѓанска држава и ве известуваме дека целокупното раководство на партијата Македонски Концепт, ќе биде присутно на овој протест, стои во соопштението на МККонцепт.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *