Синот на Хаманеи нов Ајатолах на Иран

Date:

Share post:

Иранското свештеничко тело, Собранието на експерти, го избра Моџтаба Хаманеи, синот на убиениот ајатолах, за нов врховен водач на Исламскаат република објавија западните медиуми повикувајќи се на извори од Техеран.

Моџтаба Хамнеи, 56-годишен свештеник и втор најстар син на Али Хаманеи нема формална државна или владина функција, но долго време се сметаше за еден од највлијателните луѓе на режимот зад сцената.

Како млад учествувал во Иранско-ирачката војна во редовите на ИРГ, а подоцна ја води паравоената организација „Басиј“, која учествуваше во задушувањето на протестите по изборите.

Иран вели дека Собранието на експерти наскоро ќе го објави името на новиот врховен водач, што ќе се случи само вторпат од Исламската револуција во 1979. Али Хамнеи беше на власт од 1989 година.

Секој лидер кој ќе го именува иранскиот терористички режим ќе биде недвосмислена цел за елиминација, се закани израелскиот министер за одбрана Израел Кац.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img