Премиерот Христијан Мицкоски учествуваше на Ифтар вечерата, што ја организираше претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Нухи Алиу. Покрај Премиерот на Ифтар беше и претседателот на Собранието, Африм Гаши, претставници на политички партии, бизнисмени, меѓу нив и Гувренерот Трајко Славески.
Гостин на Ифтар вечерата беше и поглаварот на ИВЗ, Шакир Фетаи. Тој му се заблагодарил на претседателот на Стопанската Комора на СМ, истакнувајќи ја важноста на благословениот месец Рамазан како месец на солидарност, единство и зајакнување на врските меѓу институциите и заедницата.
Нагласил дека трпезата на ифтарот е симбол на зближување, разбирање и меѓусебна соработка во интерес на општеството.

