Како беше убиен Ајатолахот Хамнеи?

Date:

Share post:

Собраќајните безбедносни камери во Техеран, до кои Мосад имал пристап биле клучни за ликвидацијата на иранскиот духовен водач, Хамнеи. Веста што ја објавија свестките медиуму укажуна на тоа дека една камера имала особено добар агол врз строго чуваниот комплекс во кој престојувало иранското раководство.

Го знаевме Техеран како што го знаеме Ерусалим. Кога го познавате местото исто толку добро колку што ја познавате улицата на која сте пораснале, лесно ќе забележите ако едно нешто не е на свое место, изјавил израелски разузнавачки службеник за Фајненшл тајмс.

Следењето на овие податоци за сообраќајот во реално време им овозможил на Мосад и на ЦИА прецизно да утврдат во кое време иранскиот врховен лидер ќе биде во своите канцеларии во саботата наутро и кој бил со него.

Упадот во иранските системи, исто така, му овозможил на Израел да исклучи мобилни предаватели во десетина кули околу критичната локација на улицата Пастер. Телефоните што биле повикувани во овој реон давале сигнал дека се зафатени. Со тоа биле спречени предупредувања за итна закана од напад.

На денот на атентатот, израелските разузнавачи ги користеле податоците од сообраќајните камери, преку нив го потврдиле реалното време на состанокот.

Израелската војска соопшти дека нападите биле извршени во текот на денот за да се создаде елемент на шок и „му дозволиле на Израел да постигне тактичко изненадување по вторпат, и покрај силната иранска подготвеност“.

Мобилните телефонски услуги и комуникациските мрежи биле прекинати во обид да го остават Иран „зашеметен и збунет“, според генералот Ден Кејн, началник на заедничкиот штаб. „Координираните вселенски и сајбер операции ефикасно ги нарушија комуникациските и сензорските мрежи низ целата зона на одговорност, оставајќи го противникот без можност да гледа, координира или ефикасно да реагира“, рече тој.

Претседателот Доналд Трамп во интервју за „Фокс њус“, по нападот  рече дека иранскиот лидер „бил елиминиран заедно со неговиот најблизок круг додека се собирале на појадок“.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img