Синодот на БПЦ: Архимандритот Никанор шири клевети и го нарушува единството на Црквата

Date:

Share post:

Светиот синод на Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија објави официјална реакција во која остро ги осудува јавните настапи на архимандритот Никанор, обвинувајќи го за клеветнички тврдења насочени против БПЦ и против бугарскиот патријарх Даниил. Соопштението следува само неколку дена откако на архимандритот му беше изречена канонската мерка „аргос“, односно 15-дневна забрана за свештенослужење.

Во својата позиција, Синодот наведува дека јавно изнесените обвинувања на архимандритот Никанор се „клеветнички, навредливи и хулни“, оценувајќи дека тие создаваат соблазна меѓу верниците и го нарушуваат авторитетот на Црквата.

„Светиот синод категорично се оградува и ги осудува јавно изнесените клеветнички тврдења на архимандритот Никанор Мишков, насочени против БПЦ и против институцијата и личноста на Бугарскиот патријарх“, се наведува во соопштението.

Архиереите нагласуваат дека не прифаќаат Црквата да биде инструментализирана за политички цели, ниту, како што велат, архимандритот Никанор да се претставува како „политичка жртва“.

Во реакцијата се предупредува и дека секој обид за нарушување на единството на Бугарската православна црква или поттикнување раскол е недозволив и строго осудлив според црковниот Устав и светите канони. Наместо тоа, Синодот повикува на покајание, единство и зачувување на црковниот мир.

Во завршниот дел од соопштението, Светиот синод ги повикува свештенството и верниците да не подлегнуваат на провокации што создаваат поделби, особено во пресрет на Богородичниот пост, туку да се молат за мир, покајание и спасение на народот и светот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img