Монахињите од Светиот манастир „Агиои Теодорои“ на грчкиот остров Парос беа безбедно евакуирани откако голем шумски пожар, кој беснее во областа Трипити, се приближи до манастирот.
Според „protothema.gr“, пламените јазици се приближиле до манастирот, по што полицијата и противпожарните сили веднаш биле мобилизирани за да спроведат превентивна евакуација на монахињите.
Од манастирот биле изнесени и светите икони, со цел да бидат заштитени од пожарот кој се приближувал.
/orthodoxtimes.com

