Што значи жената да биде покорна на мажот – Како црквата тоа го толкува?

Date:

Share post:

Во новата епизода на СМИСЛА, Отец Бобан и Сестра Ефимија разговараат со уредничката на информативната редакција во СИТЕЛ телевизија, Славица Арсова, на актуелна и чувствителна тема – улогата на жената во современото општество.

Што значи да се биде жена денес? Кои се задачите на жената, а кои на мажот во домот? Дали еднаквоста подразбира исти улоги или заемна поддршка и разбирање?

Во овој подкаст се отвораат прашања за балансот помеѓу кариерата и мајчинството, предизвиците со кои се соочуваат жените во професионалниот свет, како и дилемата – може ли жената истовремено да биде успешна во кариерата и посветена мајка?

Се разговара и за улогата на мажот во домот: Дали мажите треба да готват, чистат и да се грижат за децата додека жената ја гради својата кариера? Каде е границата меѓу традицијата и современите вредности?

Искрен, отворен и аргументиран разговор кој нуди различни перспективи и поттикнува размислување за семејството, партнерството и вистинската еднаквост.

Погледнете ја целата епизода.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img