Руската амбасадорка во Софија исвиркана во црква – патријархот ја прекинл литругијата за да смири ситуација

Date:

Share post:

Архиерејската литургија во софискиот храм „Света Недела“, со која чиноначалствуваше бугарскиот патријарх Даниил, денеска беше накратко прекината откако дел од присутните верници протестираа против присуството на руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, објави бугарскиот портал, hristianstvo.bg.

Според бугарските медиуми, за време на богослужбата се слушале свирежи и извици „Ова не е Москва“, насочени кон присуството на руската дипломатка. Поради настанатата ситуација, патријархот Даниил ја прекинал литургијата и излегол пред верниците, повикувајќи ги на смиреност и зачувување на редот во храмот.

Порталот Lupa.bg, кој прв објави фотографии од инцидентот, наведува дека реакцијата на верниците била спонтана, а не организирана. Подоцна, бугарската новинска агенција БТА пренесе соопштение на партијата АБВ, според кое Митрофанова била „пречекана со видливо позитивен однос од собраните верници“.

Инцидентот се случи за време на поклонението на Хавајската мироточива Иверска икона, која пристигна во Бугарија придружувана од свештенослужители на Руската задгранична црква (РПЦЗ). Иконата е копија на познатата Монтреалска Иверска икона и нејзината посета претходно беше најавена од Бугарската патријаршија.

Настанот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде што дел од јавноста го постави прашањето дали е соодветно руски дипломат да присуствува на црковни настани во време кога во Европа сè уште трае војната во Украина. Од друга страна, присуството на руски дипломати на православни богослужби и поклонички настани и досега не било невообичаена практика.

Краток прилог на телевизијата bTV ги пренесе реакциите на луѓето кои биле надвор од храмот и дознале за случувањата, но без да ја разјасни причината за тензијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img