Илинден во храмот „Свети Илија“: Архиепископот Стефан потсети на борбата за слобода и духовното единство

Date:

Share post:

На празникот на светиот пророк Илија – Илинден, кога Македонија го одбележува и Денот на Републиката, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Света архиерејска литургија во храмот „Свети Илија“ во скопската населба Аеродром.

Во богослужбата сослужуваа митрополитот Европски г. Пимен и митрополитот Австралиско-новозеландски г. Никола, заедно со свештенослужители од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

По завршувањето на Светата литургија беше отслужена панихида во спомен на славните илинденци, како и на сите паднати борци за духовната и националната слобода на Македонија.

Со молитвено сеќавање на илинденските херои, Македонската православна црква и годинава го одбележа Илинден, празник кој има особено значење и во црковната традиција како ден посветен на светиот пророк Илија, и во македонската историја како симбол на борбата за слобода и државност.

Во своето Илинденско послание, Архиепископот Стефан потсети на историското значење на Илинденското востание и на борбата за слобода, нагласувајќи дека тогаш била извојувана слобода на еден дел од македонската земја.

„Илинденското востание, иако не успеа целосно да ја ослободи Македонија, сепак донесе слобода на еден дел од територијата и покажа дека идејата за слобода и државност не може да биде задушена“, порача Архиепископот Стефан во посланието.

Тој нагласи дека денешните генерации имаат обврска да ги чуваат придобивките од борбите на предците, но и да ја градат слободата преку единство, духовност и одговорност кон заедницата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img