Исламската верска заедница денеска го одбележа националниот празник Илинден со присуство на свои претставници за време на настаните организирани од државниот врв за АСНОМ и за Илинден.
Поглаварот на ИВЗ, Реисот Шаќир Фетаи, присуствуваше на државната свеченост во Скопје, каде покровител на настанот беше Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
-По тој повод, Реис-ул-улемата ѝ го честиташе на Претседателката 2 Август – Денот на Републиката, изразувајќи искрени желби за мир, стабилност, меѓусебно разбирање и заеднички напредок на сите граѓани на државата. Присуството на Реис-ул-улемата на оваа државна церемонија ја потврдува посветеноста на Исламската верска заедница кон соживотот, институционалната почит и градењето добри односи меѓу верските заедници и државните институции, во функција на мирот, меѓусебното разбирање, општествената хармонија и заедничкото добро, соопштија од ИВЗ.
На прославата за АСНОМ, во меморијалниот центар Пелинце, каде покровител беше Премиерот Христијан Мицкоски, како претставник на ИВЗ беше раководителот на Архивот на ИВЗ, Хабиб Ебиби.
-На овој ден беше истакната важноста од зачувувањето на мирот, меѓусебното почитување, соживотот и заедничката посветеност во изградбата на праведно и демократско општество. Честит 2 Август – Денот на Републиката!, стои во објавта на ИВЗ.





