Рубио разговарал со Ватикан за мир во Украина

Date:

Share post:

Американскиот државен секретар Марко Рубио телефонски разговарал со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин, при што разговарале за напорите за постигнување преговарачко решение за завршување на војната во Украина, соопшти портпаролот на Стејт департментот.

„Американскиот државен секретар Марко Рубио разговараше со Неговото Високопреосвештенство кардиналот Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол. Двајцата разговараа за напорите за постигнување преговарачко решение за завршување на руско-украинската војна“, се наведува во соопштениет.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп, за време на средбата со Володимир Зеленски во Турција во средата, оцени дека украинските напади врз територијата на Русија претставуваат ескалација на конфликтот меѓу Русија и Украина, која би можела да доведе до негово завршување. Американскиот претседател изрази надеж дека ваквиот развој на настаните ќе ги поттикне двете страни да се стремат кон постигнување мировен договор.

Од друга страна, портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека администрацијата на Белата куќа погрешно смета дека воениот притисок и ескалацијата можат да придонесат за започнување процес на мирно решавање на конфликтот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img