Путин нареди државно одбележување на 150 години од раѓањето на Свети Лука Кримски

Date:

Share post:

Рускиот претседател Владимир Путин со указ наложи во 2027 година на државно ниво да биде одбележана 150-годишнината од раѓањето на Свети Лука Кримски, еден од најпознатите светители на Руската православна црква, познат и како истакнат хирург и научник.

ФОТО: ТАСС

Во указот, објавен на официјалната интернет-страница за правни акти на Руската Федерација, се наведува дека јубилејот треба да биде одбележан поради „значајниот придонес на Свети Лука Кримски во зачувувањето и развојот на духовно-моралните традиции, како и во развојот на медицината и науката“.

Со овој потег повторно се потврдува дека руската држава активно се вклучува во одбележувањето на значајни датуми поврзани со Руската православна црква. Иако црковниот календар и празниците ги утврдува Светиот синод на Руската православна црква, Кремљ преку претседателски укази определува кои црковни јубилеи ќе добијат државен статус и ќе бидат одбележани со официјални свечености и активности.

Свети Лука Кримски, со световно име Валентин Војно-Јасенецки, бил еден од основоположниците на современата школа за гнојна хирургија. Монашки постриг примил во 1923 година, а за време на советскиот режим трипати бил репресиран и поминал вкупно 11 години во прогонство.

Починал во 1961 година во Симферопол, а Руската православна црква во 1995 година го приброила меѓу локално почитуваните светители.

Одлуката на Путин е уште еден пример за тесната поврзаност меѓу руската држава и Руската православна црква, при што државниот врв со свои укази одредува кои црковни јубилеи ќе бидат одбележани како настани од национално значење.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img