Бугарија планира да го воведе предметот „Добродетели и религии“ од учебната 2027/2028 година

Date:

Share post:

Предметот „Добродетели и религии“ најверојатно ќе биде воведен во бугарските училишта од учебната 2027/2028 година, изјавил министерот за образование Георги Влчев во интервју за Бугарската национална телевизија. Тој нагласил дека реформата зависи од потребните законски измени и од постигнување поширок општествен консензус.

Влчев истакнал дека темата предизвикува поделени мислења во бугарското општество, но потенцирал дека воведувањето на предметот нема да го промени световниот карактер на образовниот систем.

Според него, Министерството за образование смета дека предметот е важен поради две причини – ќе придонесе за намалување на насилството и агресијата во училиштата и ќе им помогне на учениците да изградат вредносен систем и основни принципи за одговорно однесување во општеството.

Наставната програма ќе биде составена од две компоненти – „Добродетели“ и „Религии“. Верската компонента ќе биде предмет на избор на семејствата на учениците, а никој нема да биде обврзан да ја посетува.

Министерот посочил дека во моментов главниот предизвик не е недостигот од наставен кадар, туку подготовката на учебници за компонентата „Добродетели“, додавајќи дека Министерството ќе се обиде тој недостаток да го надмине во текот на оваа година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img