Јаневска не гледа ништо спорно во програмата за сексуално образование, но ревизија ќе има

Date:

Share post:

Министерката за образование, Весна Јаневска, не гледа ништо и спорно во содржината на изборниот предмет Сеопфатно сексуално образование за средношколци, но сепак ревизија ќе има. Ваквиот став Јаневска го соопштила во синоќешното интервју за Македонска телевизија по неодамнешната одлука предметот да биде повлечен, по реакциите во јавноста.

Според неа, сексуалното образование е потребно во Македонија, а моралот и етиката не се во спротивност со знаењето што децата треба да го имаат за правилен развој.

– Оттука, побарав од Бирото за развој на образование да се повлече програмата – таа што е спорна. Лично ја прочитав, не гледам ништо спорно, но побарав од Бирото да направи стручна ревизија, заедно со стручњаци од Македонија, да ја погледнат уште еднаш програмата и да дадат свое мислење за да можеме повторно да ја вратиме. Сексуалното образование е потребно во Македонија и мислам дека тука веќе ќе нема компромис во однос на знаењето за заштита од сексуална агресија, од сексуално преносливи болести и пред сè, од чувањето на здравјето и на девојчињата и на момчињата, избегнување несакани бремености кај малолетниците. Децата треба да го научат и да го знаат тоа – вели ресорната министерка.

Дел од граѓанските организации, како и епископот стобиски на МПЦ-ОА ,Јаков, деновиве реагираа и ја повикаа министерката Јаневска да ја повлече наставната програма. Во отворено писмо, епископот Јаков го критикуваше начинот на кој се третираат темите за родот, родовиот идентитет и сексуалните и репродуктивните права. Овој црковен достоинственик укажува дека со наставната програма, на учениците им се наметнуваат однапред определени вредносни ставови. Истовремено, тој укажува дека министерката Јаневска имала различни ставови додека била во опозиција и сега, како министерка за образование.

/Вечер Прес

1 COMMENT

  1. Прво прашање е дали самата министерка знае кој е единствениот сигурен и делотворен начин младите да се заштитат од сите можни опасности поврзани со тоа како тие самите и како луѓето околу нив и пошироко го манифестираат својот ерос, на какви влијанија може да бидат изложени и во какви краткотрајни или долгорочни односи на тој план би можеле да влезат; и дали знае кој е најдобриот начин да се воспита детето или младиот човек на темата околу неговото телесно созревање, емоционална интелигенција и сл. Дали воопшто размислува за демонот на блудот како заборавен играч во целата приказна и за Бог како единствениот Семоќен заштитник на човековиот живот, на интегритетот на човековата личност – активен и Секогашприсутен, а не некој имагинарен и неверодостоен Заштитник.
    Секуларното сексуално образование на Запад доведе до многу помасовен промискуитет, наводно рационално контролиран. До поголема самоувереност кај луѓето дека се движат во рамките на современите антрополошки достигнувања на тие теми, што е очајно. Човековиот живот во западните општества мошне често е серија од неколкугодишни бракови (чиј неуспех не се ни сфаќа како таков) со деца кои се селат од една во друга партнерска заедница, поставени пред свршен чин да ги прифаќаат како нормален дел од својот дом и секојдневие новите краткотрајни или неизвесно долготрајни партнери на своите родители, знаејќи дека нивната рана економска слобода наскоро ќе им овозможи избор на нивни партнери и немешање на родителите во тој избор (со оглед на тоа што самите го понеле бремето на динамичните врски на нивните родители за време на детството и на раната младост).
    Значи, западниот неолиберализам веќе го разби семејството какво што го паметеа вековите христијанска Европа. Тоа семејство врз темели на доживотни бракови е во малиот остаток на големото разнообразие.
    Но, Црквата треба да напише свои учебници на оваа тема. Ако сака да биде активен учесник во процесот на образование на здрави поколенија.
    Имаат некои Светители дадено некои плодови на оваа тема. Св. Јован Кронштатски на пример. Современата руска школа е особено јака. Кога младиот човек би можел да ја види мистичната сила на своето тело, поинаку би се доживеал себеси и поинаку би го поставил својот животен пат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img