Бигорски денеска ќе добие нови тројца монаси

Date:

Share post:

Тројца нови монаси денеска ќе го примат монашкиот потсриг во Бигорскиот манастир, во рамки на празничното бдение по повод манастирската слава – Отсекувањето на чесната глава на Свети Јован Крстител.

Монашкиот чин ќе го изврши митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј, кој ќе претстои на празничното бдение.

Тројцата кандидати се духовни чеда на игуменот на Бигорската обител, епископот Антаниски Партениј. Со денешното замонашување тие ќе го започнат својот монашки живот и подвиг во Бигорската обител, посветувајќи се на молитвата и службата на Црквата.

Од Бигорскиот манастир најавуваат дека замонашувањето на тројцата кандидати ќе биде централниот духовен настан во овогодишното празнување на Свети Јован Крстител, небесниот покровител на манастирот.

Празничното бдение ќе биде збогатено и со гостувањето на хорот за источно-православно пеење „Свети Јован Кукузел“ од Тирана, Албанија, кој во Бигорски доаѓа со благослов на архиепископот Тирански, Драчки и на цела Албанија Јован.

Хорот од Албанија, заедно со хорот при Бигорското братство, ќе го придружува празничното бдение и богослужението со византиско црковно пеење.

Денешното замонашување на тројцата нови монаси е продолжение на монашката традиција на Бигорската обител, која во изминатите години повторно прерасна во едно од најзначајните монашки средишта во Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img