Во селото Банско, во Струмичката епархија, деновиве почна изградбата на новиот храм посветен на Светите 40 Севастиски маченици.
Според информациите што ги објави епархискиот медиум „Тивериопол“, со поставувањето на камен-темелникот на камбанаријата почна реализацијата на првата фаза од изградбата на новиот црковно-манастирски комплекс.
Во рамките на проектот најнапред ќе биде изградена камбанаријата, по што ќе следи изградбата на новиот храм на местото на сегашната црква.
Со реализацијата на овој проект, Банско ќе добие ново духовно средиште посветено на Светите 40 Севастиски маченици, чиј култ има длабоки корени во православната традиција.
Од Струмичката епархија очекуваат изградбата да се одвива во повеќе фази, а новиот црковно-манастирски комплекс да стане место за богослужбен, духовен и манастирски живот на верниците од овој крај.
Верниците може да се вклучат и да помогнат во градежните активности со донации на следните жиро сметки:
Денарска сметка:
Комерцијална банка жиро-сметка 300030000155574
Манастир Св.40 Банско
Цел на дознака: Донација за изградба на храм
Девизна сметка:
KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BRANCH STRUMICA
MACEDONIA
SWIFT: KOBS MK 2X SRB
Beneficiary Customer:
MPC-OA SKOPJE- STRUMICHKA PRAVOSLAVNA EPARHIJA STRUMICA
Manastir Sveti Leontij s. Vodocha, STRUMICA
R. MACEDONIA
IBAN: MK07300701004047292

