Корчанскиот митрополит во Свети Наум на средба со Георги и Пимен

Date:

Share post:

Митрополитот Корчански Анастасиј во посета на манастирот „Свети Наум“ во пресрет на празникот на Светителот!

Во пресрет на празникот на Свети Наум, митрополитот корчански Анастаси го посети манастирот „Свети Наум“, објави Корчанската митрополија.

За време на посетата, митрополитот корчански Анастаси остварил средба со митрополитот Дебарско-кичевски Георги и митрополит Европски г.Пимен.

Архиереите разговарале за значењето на зачувувањето на духовната традиција, унапредувањето на меѓуцрковната соработка и заедничкото сведочење на православната вера.

Вечерва во манастирот Свети Наум се служи празнична Вечерна богослужба, со која  чиноначалствува митрополитот Георгиј.

Утре пак ќе продолжи празнувањето на овој голем светител со Света архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува митрополитот Георгиј, во сослужение со митрополитите, Европски Пимен и Брегалнички Иларион.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img