Митрополитот Европски Пимен, отслужи прав литургија во новооформената Македонска Православна Црковна Општина „Св. Кирил и Методиј“ во Трентино Италија.
На Литургијата сослужуваа парохискиот свештеник отец Орце и отец Митко од Крањ, Словенија, во присуство на верници од оваа епархија.
На овој свечен и значаен настан за Европската епархија во Италија, присуствуваше и директорот на Агенцијата за иселеништво на Македонија, Горан Ангелов, кој со своето присуство ја потврди поддршката и грижата за македонските иселеници и нивниот духовен и културен живот во Република Италија.
-По завршувањето на богослужбата беше осветен и прекршен славскиот колач, а молитвената радост и духовното единство го одбележаа овој значаен ден за македонските православни верници во Трентино, велат од епархијата.






