Архиепископот Стефан и митрополитот Јосиф на прием во руската амбасада

Date:

Share post:

Архиепископот Стефан и митрополитот Јосиф беа гости на приемот на руската амбасада во Скопје, што го организираше на 15 јуни, за Денот на Русија.

Меѓу гостите биле и вицепремиерот Иван Стоилковиќ, пратениците на Собрание Реџеп Исмаил-Хактан и Драган Недељковиќ, Амбасадорот на Босна и Херцеговина Драган Јаќимовиќ, Амбасадорот на Турција Фатих Улусој, Амбасадорката на Кина Џијанг Сјаојан, Почесниот конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски, претседателката на советот на општина Центар Виолета Мирчевска, членови на политички партии, Регионалниот управител на ЛУКОИЛ Македонија Андреј Куку.

Амбасадорот на Русија Дмитриј Зиков ја нагласил нераскинливата врска помеѓу единствениот мултинационален руски народ со својата Татковина, водечката улога на Русија во глобалната агенда и нејзината отвореност за конструктивна соработка со сите партнери, вклучително и со македонските, за кои рекол дека ги поврзува историја, духовно и културно сродство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img