Европската Унија го прошири списокот на антируски санкции, вклучувајќи повеќе од 80 физички и правни лица кои директно или индиректно се поврзани со Русија. Меѓу нив е и митрополитот Симферополски и Кримски Тихон (Георгиј Шевкунов) од Руската православна црква, кого често го сметаат за „духовник“ на рускиот претседател Владимир Путин.
Како што соопштија властите на ЕУ, Тихон „има активна улога во ширењето на руската пропаганда“ со која се оправдува руската агресија врз Украина. Исто така, според ЕУ, митрополитот „систематски шири“ дезинформации за наводниот „нацизам“ во Украина, го негира нејзиниот суверенитет и тврди дека нападот врз земјата е „одобрен од Бога“.
„Преку проповеди, медиумски платформи, културни проекти финансирани од државата и директно собирање средства за руските сили во окупираниот Крим, тој ги промовира и поддржува воените дејствија на Русија“, наведуваат од ЕУ.
Митрополитот Тихон е познаник на Путин од 1999 година, кога сегашниот руски претседател бил директор на Федералната служба за безбедност (ФСБ), пишуваше медиумот „Важни приказни“. Кога бил прашан дали е „духовник“ на претседателот, тој одговарал дека Путин има можност да се советува „со голем број компетентни луѓе – од Неговата Светост Патријархот до обични свештеници и мирјани“.
„Меѓу таквите свештеници е и вашиот покорен слуга, тоа навистина е така“, изјавил Тихон.


Својата симболична парада на вештерите ЕУ ја започна на отворањето на Олимписките игри во Париз. Не сме изненадени од продолжетоците.