Епифаниј и Зелински ја посетија Киево-Печерската лавра – најавија обновување

Date:

Share post:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, заедно со поглаварот на ПЦУ Епифаниј и премиерката на Украина ја посетиле Киево-Печерската лавра по нападот од Русија. Последиците од нападот се големи и регистрирани се значајни оштетувања.

-Сигурно ќе го обновиме нашето светилиште! Како што беше обновено по неговото минирање во 1941 година. Тогаш Успенскиот собор беше уништен по наредба од Москва од страна на болшевиците, а потоа со децении безбожниците кукавички ја криеја вистината, префрлајќи ја вината врз други. Денес, исто така по наредба од Москва, нивните потомци ги повторуваат злосторствата на своите „дедовци“. Само за тоа се способни – да повторуваат и да вршат злодела, да уништуваат, убиваат, крадат и присвојуваат. А уште и да лажат – дека „не се тие“, дека „не се виновни“, изјавил Епифаниј.

Тој во својата објава на Фејсбук пишува: „Власта во Кремљ е бесна поради својата немоќ и неспособност повторно да нè пороби, повторно да ни го наметне јаремот на „рускиот свет“, да нè принуди да му се поклонуваме на кремљовскиот идол, да ни забрани да имаме сопствен јазик, Црква, култура, историја, држава и слобода.“

-Оние кои сè уште го сметаат Кирил Гундјаев за свој врховен пастир, оние кои сè уште одат во храмови каде што тој се спомнува како „господар и отец“ – отворете ги очите, погледнете ги отровните плодови на неговото учење, оддалечете се од беззаконието и не бидете повеќе негови соучесници! Тој никогаш нема да ја измие од себе крвта на невините жртви од оваа војна, чие убивање го благословува и поттикнува. Тој веќе го направи својот избор во полза на делата на антихристот. Направете го конечно и вие својот – изберете го доброто, за да не одговарате заедно со злосторниците пред Бога и пред луѓето, вели Епифаниј во текстот на Фејзбук.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img