Папата Лав XIV: Мигрантите мора да се третираат со достоинство – неопходно е примирје во Украина и почит кон верската слобода во Нигерија

Date:

Share post:

За време на разговор со новинари во Кастел Гандолфо, Папата Лав XIV испратил низа силни пораки поврзани со миграцијата, светските конфликти и актуелни црковни прашања.

Папата ја поддржал позицијата на американските епископи против масовните депортации и нагласил дека достоинството на мигрантите мора да биде почитувано. „Многу од нив живеат во земјата со децении и не смеат да бидат третирани понижувачки“, истакнал тој, повикувајќи на човечност и почит кон секоја личност.

Говорејќи за војната во Украина, Папата подвлекол дека најитно е потребно запирање на насилствата: „Луѓе умираат секој ден.“ Тој порачал дека само по воспоставување на примирје може да започне вистински дијалог и обнова на мирот.

Во врска со насилствата во Нигерија, Папата ги осудил убиствата на христијани и муслимани и апелиралдржавата и религиските водачи да работат за гарантирање на автентична верска слобода. Тој предупредил дека тероризмот често е поврзан со борба за земја и економски интереси, а не само со верски разлики.

Запрашан за можни патувања во 2026 година, Папата ги споменал Фатима, Гуадалупе, како и потенцијални посети на Уругвај, Аргентина и Перу.

Тој открил и детали за тоа како го поминува својот одмор во Кастел Гандолфо: спорт, читање, работа, кореспонденција, тенис и пливање. „Човекот има потреба да се грижи и за телото и за душата“, додал тој.

Во однос на случајот со епископот Зорноса од Кадис, обвинет за сексуално злоупотребување во 90-тите години, Папата потврди дека се следат сите официјални процедури. Тој изрази надеж дека жртвите ќе имаат безбедни услови за да сведочат и нагласи дека правдата мора да ја следи институционалната и канонската постапка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img