Почетна Анализа Папата го разбранува Ватикан со замената на конзервативниот доктринарен шеф
Папата го разбранува Ватикан со замената на конзервативниот доктринарен шеф

Папата го разбранува Ватикан со замената на конзервативниот доктринарен шеф

294
0

Папата Франциск во големата реорганизација на администрацијата на Ватикан во саботата го замени врвниот католички теолог, конзервативниот германски кардинал, кој е во судир со визијата на папата за една поинклузивна Црква, пренесе Ројтерс.

Кратката изјава на Ватикан вели дека петгодишниот мандат на кардиналот Лудвиг Милер како шеф на Конгрегацијата за доктрината на верата, одделот задолжен за одбрана на католичката доктрина, нема да биде обновен.

Позицијата е една од најважните што папата ја назначува во хиерархијата на Ватикан по државниот секретар. Повеќето службеници ја чуваат додека не се пензионираат, што во случајот на Милер ќе беше за шест години.

Милер (69), кој беше назначен од страна на поранешниот папа Бенедикт во 2012 година, ќе биде наследен од вториот во одделот, архиепископот Луис Франсиско Ладарија Ферер.

Ладарија, 73-годишниот Шпанец, кој како и аргентинскиот папа е член на језуитскиот поредок. Оние што го познаваат велат дека е лице со мек говор кој го избегнува центарот на вниманието. Спротивно на тоа, Милер често се појавуваше во медиумите.

-Тие зборуваат на ист јазик, а Ладарија е кроток. Тој не го агитира папата и не му се заканува, рече еден свештеник кој работи во Ватикан и ги знае и Милер и Ладарија, а побара да не биде именуван.

Од неговиот избор во 2013 година, Франциск им даде надеж на прогресивците кои сакаат тој да напредува со својата визија за поотворена Црква која се концентрира на милоста, а не на строгото спроведување на ригидните правила што ги сметаат за застарени.

Милер е еден од неколкуте кардинали во Ватикан, кој јавно му се спротивставувал на папата.

/MKD.MK

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *