Невообичаена средба имал архиепископот Стефан во неговиот кабинет пред два дена во Скопје. Како што објави Скопската епархија гостн на архиепископот бил државниот јавен обвинител Ненад Савески. На средбата присуствувал и Тетовско-гостиварскиот митрополит Јосиф.
Но, освен дека Савески бил на средба на 15.7.2026 година, МПЦ-ОА други детали не соопшти.
На чие барање е средбата, што било разговарано и каква потреба има поглавар на една црква да разговара со државен јавенен обвинител, се прашања на кои засега нема одговор.

