Таканаречениот закон за старателство на имотот и прашањата за црковните имоти во Австралија

Date:

Share post:

Синодот треба да сфати дека двете епархии се сосема различни по управување и дека најдобро е да се продолжи по овој пат. Ние сме паталци, затоа не говориме на памет. Ние си сакаме свој архиереј и веќе долго време и го бараме за  да си продолжиме таму каде што застана Митрополитот Тимотеј.

Пишува: Кире Циревски

Покрај многуте работи кои владиката Петар ги започна против црковните општини во Австралиската епархија се најде и Законот за старателство на имотот на Македонските православни цркви. Овој закон е протуркан во парламентот на мала врата без никакво знаење и консултација со македонската заедница односно со управните одбори на црковните општини – верниците – народот.

Македонските православни општини од Нов Јужен Велс беа вчудоневидени кога дознаа за оваа постапка, не само затоа што за предлог законот не знаеа се до донесувањето односно читањето во Долниот Дом, а уште помалку дека не беа консултирани во текот на неговата подготовка, туку и затоа што тој се заснова врз целосно погрешно претставена слика.

Благодарение на една наша Македонка која во тој момент службено била присутна во Парламентот ја видела растрчаноста низ парламентот. Почитуваната особа директно доаѓа во Св. Петка каде за среќа ние неколкумина од управниот одбор во тоа време бевме тука.

„Абре што стојте тука Петре ни ја зеде црквата“ беа првите зборови со голема воздишка. Ја објасни целата состојба која се случувала во парламентот. Веднаш телефонски секретарот на МПЦО Св. Петка го информира претседавачот на Горниот Дом дека заедницата не е воопшто информирана за овие постапки и дека бараме да се запре понатамошната процедура додека не ја консултираме пошироката заедница и писмено да ги пренесеме нашите ставови пред да биде преточен во закон. Ги известивме сите управи на МПЦ во Австралија.

Понатамошната процедура на одобрување и читање на предлог законот беше ставена во мирување. Уште потрагично е што многумина од неговите приврзаници беа убедени дека тоа е признавање на Македонската Православна црква во Австралија.

Само ако се разгледаат овие неколку подвлечени точки ќе се види дека сите права му се даваат на еден човек дали бил владика или било кој друг.

Владиката како претседател на Советот тој од време на време ги назначува заменикот, секретарот, благајникот. Исто така и тројцата мирски лица како членови на Епархискиот управен одбор ги именува или разрешува владиката. Што значи дека се е во рацете на едно лице. Ако се анализира членот (5, точка 1) ќе се види дека тој во име на старателството може да врши разни зделки со имотот.

Ако се анализира овој закон ќе се најдат уште многу работи кои би донеле сомнеж дека можат многу лоши и чудни нешта да ни се случуваат со табиетот на Петар кој е ист дури и полош и од Вранишковски. Ако се разгледа членот (15, точка 1) од предложениот закон за старателство ќе се види дека:

„Секаков имот кој, непосредно пред одредениот ден, бил поверен на било која корпорација или личност под ктиторство за Црквата, на тој ден се одзема од таа корпорација и се доделува на трастот од новата корпорација.“

Тој предлог нацрт иако беше прочитан во Долниот Дом на парламентот во Нов Јужен Велс, беше запрен од понатамошна процедура. Со дополнувања повторно беше поставен на разгледување во 2010 година.

Но на крај се востанови дека без согласност на пошироката македонска заедница не може да профункционира. Владиката Петар своите имоти кои ги води на негово име и на името на некои свештеници може да префрлува и да организира корпорации како тој што сака. Ваквите постапки на владиката Петар и индиферентниот однос на САС на МПЦ не даваат многу надеж за надминување на овој наметнат скандал се додека не дојде друг владика во Австралија.

Појаснување за законската сопственост на македонските православни цркви во Австралија

Ќе се обидеме на што е можен наједноставен начин да ги запознаеме читателите и документирано со податоците за сопственичките права на црквите во Австралија кои се водат како Македонски православни цркви да се расветлат многу шпекулации и недоречености.

Овде на петтиот континент со доаѓањето на владиката Петар се отворија многу начнати работи кои доведоа до потполн колапс на Македонската заедница.

„Видела жабата дека коњот ја крева ногата и таа се навртила за потковување.“

Владиката Петар како искусен дипломат и министер за надворешни работи на МПЦ-ОА, трга по нечии памет и како основа го зема документот „Закон за старателство на имотите на Антохиската црква“.

Законот му го подготви Michael Shehade внукот на тогашниот Антохиски владика Џиброн.

Во март 1997 год. се запознавме преку свештеникот Мачевски како Ваш претставник да помогне во подготовката за законот кој ќе биде „Property Trust for the Macedonian Orthodox Church“, ист закон кој ќе биде направен врз база на „Antiochian Orthodox Church Property Trust Act“, му пишува на владиката Петар гдин Мајкал Шахајди адвокатот кој треба да го подготви текстот за законот за старателство на имотот.

Потоа во Јули 1997 година, повторно адвокатот му пишува на владиката Петар:

„Ние од вас бевме ангажирани да отвориме судски процес на Supreme Court со број 3369 од 1997 год. против МПЦ Св. Петка во Рокдејл.“

После смртта на Антохискиот владика Џиброн, на кормилото доаѓа владиката Павле (Metropolitan Archbishop Paul Primate of Australia, New Zealand and the Philippines).

Владиката Петар ги промени адвокатите бидејќи требаше да ги плати трошковите. Им должел околу 530 илјади долари. После долго договарање пред да ја банкротираат епархијата на г. Петар, адвокатот Мајкал Шахајди се договори да му се исплатат 10.000 долари на 1-ви Јули 2005 год. а потоа секој први во месецот по 2.500 долари и на крајот да се пресмета и каматата. Се додека ова не излезе на виделина тврдеше дека неговите адвокати работеле доброволно.

Кога се поднесе документот во парламентот на разгледување Антохискиот владика Павле испрати писмо со поткрепа до комисијата која требаше да го одобри законот за старателство. А нашиот министер за надворешни работи го удостои со една прошетка до Македонија.

Новинарите се растрчаа наводно дека дошол да помогне во признавањето на МПЦ–ОА. Нели Антохиската црква е многу поблиска до Грчката црква отколку до Македонската и какво признавање бара дипломатот наш.

Многу е битно да се знае дека МПЦ „Св. Петка“ која е регистрирана во инкорпорирана асоцијација на 27 Април 1992 година со благослов на владиката Петар од страна на неговите истомисленици, а на 7-ми Септември 1992 година е регистрирана и Македонската Православна епархија за Австралија во магацин за бела техника во сиднејскиот кварт Турела.

Ништо од таа регистрација, тоа беа само алиби да се отвори патот кој со години наназад беше завеан за Петар.

Со пререгистрирањето на црквата пак се воведе членство во асоцијацијата и сите верници кои тогашниот управен одбор ги сметаше за лојални кон митрополитот Тимотеј беа одбиени без право да станат членови во телата и органите на асоцијацијата – црквата.

На листата се најдоа и свештеници кои и беа лојални на црквата а владиците се менливи.

Ете со негов благослов се пререгистрира црквата во асоцијација, а има и други цркви кои се исто така регистрирани под истиот закон, тие не биле компании, како што ја условува МПЦО „Св. Петка“ наводно била компанија.

Регистрирани црковни општини – заедници кои не го одобруваат начинот на управување на владиката Петар и на новиот владика Никола

– ЦРКВИ ВО АВСТРАЛИСКО-СИДНЕЈСКАТА ЕПАРХИЈА

Закoнска сопственост на Македонските православни заедници регистрирани како здруженија на граѓани, односно како Company Limited by Guarantee според постарата форма или како Association Incorporated (Inc) според поновата форма на регистрирање, што е неопходно за една црковна општина да стане правно лице во Австралија. Имотот на овие цркви е на самата црковна заедница, а не на приватни лица и поеднци. Си функционираат најнормално по австралиските закони.

Св. Кирил и Методи – Сиднеј (Macedonian Orthodox Community of Australia Ltd)

Св. Никола – Сиднеј (Macedonian Orthodox Community of Australia Ltd)

Св. Петка – Рокдејл, Сиднеј (Macedonian Orthodox Community Church St. Petka Incorporated)

Св. Димитрија – Волонгонг (The Macedonian Orthodox Community of the City of Greater Wollongong Ltd)

Св. Богородица – Њукасл (The Macedonian Orthodox Community of Newcastle and Districts Ltd)

Св. Илија – Квимбиен (The Macedonian Orthodox Community of Queanbeyan & Districts Inc)

Св. Климент – Канбера (Macedonian Orthodox Church Incorporated)

Св. Ѓорѓи и Пресвета Богородица – Мелбурн, Епинг (The Macedonian Orthodox Community of Melbourne and Victoria Ltd)

Манастир Св. Климент – Мелбурн, Кинг Лејк (The Macedonian Orthodox Community of Melbourne and Victoria Ltd)

Успение на Пресвета Богородица – Мелбурн, Сиденам (Macedonian Orthodox Church “Uspenie na Presveta Bogorodica St. Mary Western Region Inc)

Св. Јован Крстител – Џилонг (The Macedonian Orthodox Community of Geelong Victoria Inc)

Св. Богородица – Бризбен (The Macedonian Community of Brisbane Inc.)

Св. Недела – Голд Коуст (The Macedonian Orthodox Church & Cultural Community Sv. Nedela – Gold Coast Incorporated)

Св. Наум Охридски – Аделајд (Macedonian Community of Adelaide & S.A. Inc.)

Св. Никола – Северен Перт (Macedonian Community of WA Inc.)

Сите овие храмови се под јуриздикција на Австралиско-сиднејската епархија и тука веќе со години си функционира епархијата под сите норми и без никаков прблем.

Но во Австралиско-новозландската епархија ќе видите дека има повеќе модели на имотна сопственост. Владиката Петар цели 30 години не успеа да создаде еден модел на имотна сопственост што е поразително и нелогично. Како можеш да бараш ред во други епархија, а во својата да е хаос. Во таа епархија има скоро 4 модели на управување со имотите. Има имоти, кои се законска сопственост на владиката Петар, на приватни лица и на здруженија на граѓани, и на приватни лица регистрирани како трастисти. Исто така има и цркви кои се користат под наем. Единствено за црквата во Силванија не знаеме како е регистрирана. Таму имаат тековни проблеми, кои новиот владика Никола најверојатно не ги решава под налог на неговиот ментор Петар.

ЦРКОВНИ ИМОТИ ВО АВСТРАЛИСКО-НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА

1 – ИМОТИ КОИ СЕ ЗАКОНСКА СОПСТВЕНОСТ НА ВЛАДИКАТА ПЕТАР КАРЕВСКИ, СВЕШТЕНИЦИТЕ ЈОВИЦА СИМОНОВСКИ И ТОНИ ГУЛЕВ

Раѓање на Пресвета Богородица – Сиденам, Мелбурн

Манастир Св. Прохор Пчински – Донебрук, Мелбурн

Св. Богородица Пречиста – Аделајд

Св. Богородица Пречиста – Ливерпул, Сиднеј

На последното собрание на Австралиско-новозеландската епархија оваа година се донела одлука под менторство на владиката Петар дека сите цркви во таа епархија треба да се најдат по овој модел на старателство, односно на негово име. Со оглед што во март се случи негова промена, не знаеме во која состојба се моментално имотите. Дали дополнително и некоја друга црква му го предала имотот. Очекуваме од новиот владика на таа епархија, како и апелираме и до Светиот Синод да изврши ревизија на работењето на владиката Петар во Австралија и да излезат со јасни информации, да ја запознаат јавноста за тоа во каква сосојба е таа епархија.

ИМОТИ КОИ СЕ ЗАКОНСКА СОПСТВЕНОСТ НА ПРИВАТНИ ЛИЦА (ИНДИВИДУАЛНИ) КОИ УСЛОВНО СЕ СО ВЛАДИКАТА ПЕТАР (П1, П2, П3)

П1. Св. Климент Охридски – Порт Кембла (Иван Божиновски, Веселин Талевски, Драги Богоевски, Кирил Јоновски, Борис Тасиевски, Крсте Спасески, Војо Мрнзевски, Трајан Сиријовски, Славе Најдовски, Љубе Бујаровски, Јоце Василески, Максим Толевски)

П2. Манастир Св. Петка – Кембла Грејнџ (Гоце Петковски, Бале Јанески, Славе Паскоски, Благоја Чепигоски)

П3. Св. Злата Мегленска – Хоперс Кросинг, Мелбурн (Чедомир Илиевски, Васил Стојановски, Миле Србиновски, Славе Мицевски, Добре Петковски, Никола Петровски, Веле Матовски, Мара Марковски, Татјана Илиовски)

ИМОТИ КОИ СЕ ЗАКОНСКА СОПСТВЕНОСТ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ (ИНКОРПОРИРАНИ АСОЦИАЦИИ) КОИ ГО ПОДДРЖУВААТ ВЛАДИКАТА ПЕТАР

(Инкорпорирани асоцијации по новата форма А1, А2, А3, А4, А5)

Под истиот начин е регистрирана и Св. Петка од Рокдејл, но не го поддржуваше неговиот начин на управување и беше условувана како приватна компанија и скоро 25 години беше воден судски спор кој проголта милионски суми и на крај владиката Петар мораше да се помири со судбината и да си ги подмири судските трошоци кои ги направи со неговите правни застапници. Гледате ли дека и во Австралиско-новозеландската има такви имоти. Нажалост целата борба беше за присвојување.

А1. Св. Пророк Илија – Футскреј, Мелбурн (The Macedonian Orthodox Church Saint Prophet Ilia Inc)

А2. Св. Наум Охридски – Роклин, Мелбурн (Macedonian Orthodox Church Saint Prophet Ilia Inc)

А3. Св. Димитрија Солунски – Спрингвејл, Мелбурн (“St. Dimitria” The Macedonian Care Association Inc)

А4. Св. Петка – Мил Парк, Мелбурн (Macedonian Orthodox Church Community “St. Petka” – Mill Park Inc)

А5. Св. Никола – Ангов Стрит, Перт (The Macedonian Orthodox Church “Saint Nikola” of 69 Angove Street, North Perth Inc)

ИМОТ КОЈ Е СОПСТВЕНОСТ НА ПРИВАТНИ ЛИЦА, НО РЕГИСТРИРАНИ КАКО СТАРАТЕЛИ – TRUSTEES (Т1)

Т1. Св. Никола – Престон, Мелбурн (Trustees of Macedonian Orthodox Church “St. Nikola”) (Во листата на старатели, меѓу мирските лица е и отец Душко Спиркоски)

И останува уште параклисот на гробиштата во Сатрленд, како продолжение на храмот Воскресение Христово.

За состојбите во Нов Зеланд не знам што да кажам. Македонците таму се оставени без духовна поткрепа и на никој не му е гајле.

По сите овие најразлични модели, се прашуваме зошто владиката Петар сеуште ги измамува верниците и архиереите дека имаа едногласие во Австралиско-новозеландската епархија. Која е вистината? Зошто се уште се занимава со храмовите во Сиднејската епархија? Нека си гледа неговиот наследник Никола да го поучи малку повеќе, за да успее да ги обедини храмовите барем да имаат еден модел како ние во Сиднејска. Изгледа и тој по еден месец во Австралија се збунил и сега по долгиот престој во Македонија се разбиструва.

Синодот треба да сфати дека двете епархии се сосема различни по управување и дека најдобро е да се продолжи по овој пат. Ние сме паталци, затоа не говориме на памет. Ние си сакаме свој архиереј и веќе долго време и го бараме за  да си продолжиме таму каде што застана Митрополитот Тимотеј.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img