Почетна Верски буквар Научниците тврдат: читањето книги го продолжува животот
Научниците тврдат: читањето книги го продолжува животот

Научниците тврдат: читањето книги го продолжува животот

159
0

Последните испитувања на американските научници покажале дека читањето книги го продолжува животот. Научниците утврдиле дека љубовта кон литературата, не само што поволно влијае на интелектуалното ниво на човекот, туку може и да му го продолжи животот.

knigi 2Читањето книги може значително да влијае на општото ниво на интелектуалниот развој– со таков неоригинален заклучок излегоа научниците во САД. Сепак има и оригинален дел во истражувањето: читањето, според стручњаците, може да го продолжи животот.

Ова истражување на научниците од Универзитетот „Јеил“, се спроведувало во теков на повеќе години. Според податоците од анкетираните беше извлечен заклучок дека тие што сакаат да читаат живеат просечно 2 години подолго. Треба да се напомне дека истражувањето траеше 12 години, а податоците за анализа беа земени од 3, 5 илјади луѓе. Се покажа дека смртноста кај оние што сакаат да читаа е за 23 % пониска. Освен ова, треба да се забележи дека поактивни читатели се жените.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *