Почетна Вести Христијанство Насекаде – нова книга на епископот Дремвтиски Давид
Насекаде – нова книга на епископот Дремвтиски Давид

Насекаде – нова книга на епископот Дремвтиски Давид

237
0

Во издание на Макавеј, излезе новата стухозбирка на епископот Дремвитски Давид. Насловена е Насекаде, а како што во предговорот на книгата, Јанинка Невчева го опишува како непоимливо поимлив

-Очигледно, Епископот дремвитски г. Давид (Нинов), никогаш не престанал да пишува и ги пишувал стиховите од оваа збирка насекаде кадешто патувал, од Атина и Јерусалим, потоа Света Гора и Синај, преку Лос Анџелес и Чикаго, до на пр., Сиднеј и јужноафриканскиот Јоханесбург. Таа отвореност насекаде за средба со другиот, со различниот, прави стварноста во стихозбирката „Насекаде“ да биде видена низ призмата на иднината, низ призмата на непоимливото, и, на еден парадоксален начин есхатолошкото да биде оприсутнето сега и овде, а непоимливото истовремено да стане и поимливо!, пишува Нечева во предговорот.

Потенцира дека поетскиот израз на Епископот Давид отстапува од практичната, од секојдневната норма и наместа, условно речено, со неговата трансцендентност станува малку потежок за разбирање.

-Но, општо, зборот на поетот си изискува извежбани сетила и естетизирана совест, кои ќе можат да го примат. Оној, кој чита поезија не настојува секогаш на лесно восприемање на стиховите, туку длабоко е свесен за зборовите на поетот нобеловец Одисеј Елитис, кој предочува дека поетскиот исказ се толкува во душата со трепет, трепет кој продолжува многу длабоко и далеку, та понекогаш стигнува до таму да нема никаква допирна точка со изворното значење на зборовите; т.е., човекот може да фати птица со неговата мрежа, но не може да го фати нејзиното црцорење, бидејќи за тоа е потребна дополнителната волшебна мрежа на поезијата! Поетскиот израз на оваа збирка се наоѓа над строгата јазичка дисциплина. Наспроти јазикот на науката, поетскиот јазик фаворизира повеќезначна смисла за којашто важи изреката на Хераклит: „Ниту кажува, ниту крие, туку значи“! Така со симболите и метафорите, стиховите во оваа збирка ни нудат една онтолошка панорама, која дарува изненадување, естетски морници, иступление, пишува Нечева.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *