Почетна Вести Христијанство Неизвесно одењето на македонска делегација по Благодатниот оган од Ерусалим
Неизвесно одењето на македонска делегација по Благодатниот оган од Ерусалим

Неизвесно одењето на македонска делегација по Благодатниот оган од Ерусалим

389
0

На десетина дена пред големиот православен празник Велигден сѐ уште е неизвесно дали македонска државно – црковна делегација ќе тргне за Ерусалим на церемонијата за преземање на Благодатниот оган поради воените дејства во Израел, објави Слободен Печат.

Тоа го потврдил во изјава за медиумот, Дарјан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници.

-До овој момент заедно со МПЦ-ОА сѐ уште немаме одлука дали ќе се оди во Израел поради безбедносната состојба во земјата која се менува постојано. Дури и аеродромот во Телавив неочекувано се затвора за летови па се отвора и неизвесно е дали ќе има услови за безбедно одење и враќање од Израел, изјави Даријан Сотировски, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи за „Слободен печат“.

Сотировски минатата година пред Велигден беше во македонската државно – црковна делегација на Светиот гроб во Ерусалим која го донесе Благодатниот оган, заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и свештените лица предводени од шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Тетовски-гостиварски, г. Јосиф.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *