Европските католички епископи повикаа на мир во Украина и во сите воени подрачја

Date:

Share post:

Советот на европските бискупски конференции (CCEE) упати повик за праведен и траен мир во Украина и во сите региони погодени од војни и конфликти. Апелот бил усвоен на пленарното заседание во Салцбург, кое се одржа од 27 до 30 октомври, пренесе Ватикан Њуз.

ФОТО: Ватикан Њуз

Во обраќањето е нагласено дека Европа се соочува со најголемиот воен конфликт од Втората светска војна, алудирајќи на војната во Украина. Епископите предупредиле дека никој не смее да остане рамнодушен кон страдањата и насилството врз цивилното население, ниту да се навикне на кршењето на основните цивилизациски норми.

„Вистинскиот мир не е договор што треба да се постигне на преговарачка маса. Тој започнува во човечкото срце“, се наведува во апелот.

Епископите посочиле дека мирот се гради преку простување, молитва и конкретни дела на помирување. Во таа смисла, го посочиле и примерот на свети Франциск Асишки, чија 800-годишнина од упокојувањето се одбележува оваа година, претставувајќи го како сведок на Христовото учење и пример за мир и помирување.

Советот изразил солидарност со жртвите на војните, насилството и присилното раселување, како и со луѓето кои живеат во страв и неизвесност за својата иднина.

Европските католички епископи се приклучиле и кон повикот на папата Лав XIV за „разоружан и разоружувачки мир, смирен и истраен“.

Папата ја повтори оваа порака на 27 октомври, по повод 40-годишнината од меѓународната средба за мир во Асизи, кога порача: „Не постои света војна – само мирот е свет“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img