Нападите врз Српската православна црква се организираат преку група епископи блиски до западни разузнавачки служби, а меѓу нив предводник е владиката Григориј. Ова го тврди Иван Ивановиќ, ван Ивановиќ, претседател на српското десничарско политичко движење „Наши“, во телевизиско интервју, во кое остро го критикува и академикот Радомир Саичиќ, кандидат на Студентската листа на парламентарните избори во Србија.
Ивановиќ смета дека критиките кон црковното раководство не се само израз на незадоволство од актуелните состојби во СПЦ, туку дел од поширок обид за нејзино внатрешно разградување.
Посебно остар е во оценките за Саичиќ, за кого вели дека не е ниту патриот ниту православен верник, туку расколник кој работи на разединување на СПЦ.
Според Ивановиќ, целта е околу Саичиќ да се соберат националистички настроени луѓе кои со текот на времето би се разочарале од Студентската листа и би се оддалечиле од неа. Тој смета дека таквото разочарување би можело да се искористи за создавање ново политичко и идеолошко јадро.
Изјавите на Ивановиќ доаѓаат во време на засилени полемики во Србија околу односот на СПЦ кон студентското движење, како и околу јавните критики на дел од интелектуалците кон патријархот Порфириј и Светиот архијерејски синод.
Радомир Саичиќ, професор на Хемискиот факултет во Белград и академик, во повеќе јавни настапи го критикуваше актуелното црковно раководство.

