Почетна Анализа Мојаноски: Вистинскиот пат на македонската црква е да го оди патот на добивање автокефалност од Вселенската патријаршија!
Мојаноски: Вистинскиот пат на македонската црква е да го оди патот на добивање автокефалност од Вселенската патријаршија!

Мојаноски: Вистинскиот пат на македонската црква е да го оди патот на добивање автокефалност од Вселенската патријаршија!

2.52K
0

Македонската православна црква – Охридска архиепископија ставена меѓу чеканот и наковалната во односите меѓу Вселенската патријаршија и Руската православна црква, Вака дел од познавачите на црковните прашања го толкуваат протерувањето на  руски архимандрит Васијан Змеев, претставник на Московската патријаршија кој често престојувал во државава, велејќи дека секоја активност која ја имаат руските црковни структури, по симнувањето на шизмата од МПЦ-ОА, но се уште без врачен автокефален статус од Цариград, во аналитичките центри кај нас се поврзува со влијанието на Руската црква врз МПЦ-ОА.

Сега треба да очекуваме, да го поддржиме и да побараме од синодот на мпц-оа и од архиепископот поупорно да работат на заокружувањето на добивањето на автокефалниот статус за да затворат аналитичките и други очекувања и претпоставки дека кое било движење на црковна ерархија од една во друга, особено од другите цркви во македонија, може да се стави ви политичкиот контекст на затегнатите односи кои што постојат меѓу нато-земјите или нато-членките и оние коишто ја поддржуваат руската агресија врз украина, вели универзитетскиот професор, цане мојаноски, поранешен претседател на комисијата за односи со верските заедници.

Според него последниот случај на протерување на руски свештеник, за што се уште нема доволно информации, може да се толкува како индикатор за тоа што се случува на тој план.

тој процес не е доизоден за добивањето на толмосот од вселенската патријаршија, вселенскиот патријарх. веројатно ни остава премногу простор секој идникатор да го ставаме во контекст на актуелните прашањ и проблеми, кои се особено на релацијата меѓу руската и вселенската патријаршија. тие разлики кои се во подолг временски период, за несреќа се прекршуваат сега на одот на мпц-оа, вели проф. д-р мојаноски.

Според него вистинскиот пат на македонската црква е да го оди патот на добивање автокефалност од Вселенската патријаршија. Секое одолговлекување или застранување од тој пат, смета Мојаноски, може да биде искористено од политички субјекти.

во политичките процеси, бидејќи имаме војна, во војната се сите средства дозволени и таа се води со сите средства. и од тој аспект набљудувано, ние не треба да бидеме индиферентни кон било кој индикатор, да не го актуелизираме, да не го анализираме и да не укажеме на можните штетни последици кои можат да се појават понего. од тој апсект анализирано аналитичките диоптирии за посетата на руските претставници на мпц со право се проблематизираат на овој план, смета мојаноски.

Мојаноски притоа е на став дека МПЦ-ОА е меѓу субјектите на кои државата има обврска со информации, со сознанија и напатствија да им помогне да го изодат својот пат, а притоа да не бидат злоупотребени и ставени во котекст на одредени интереси, а има и обврска и законски механизми кои треба да ги примени врз поединци кои од кои било причини сакаат да одработат за одделна структура.

/Телма

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *