Почетна Вести Христијанство Прва посета на Архипископот Стефан во манастирот на неговиот викарен епископ
Прва посета на Архипископот Стефан во манастирот на неговиот викарен епископ

Прва посета на Архипископот Стефан во манастирот на неговиот викарен епископ

3.78K
0

Архиепископот Стефан, придружуван од скретарот на синодот, Епископот Климент биле во посета на манастирот, Успение Богородишно во Маркова Сушица, кај Скопје. Домаќин им бил Епископот Давид, сега викарен епископ на поглаварот на МПЦ-ОА, кој долги години управуваше со овој манастир.

Ова е прва посета на Архиепископот г.г Стефан на објект во кој претходно функционираше ПОА. Информацијата е споделена на фејсбук страницата на овој манастир, но нема детали за разговорите.

Архиепископот бил преекан со Доксологија (служба за пречек), а имал и свое обраќање.

-Нашиот манастир, посветен на Успението Богородично, денеска го посети Неговото Блаженство Архиепископот охридски и македонски, и на Јустинијана Прима, и Митрополит скопски г.г. Стефан, во придружба на секретарот на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА, Епископот хераклејски г. Климент. По тој повод беше отслужена Доксологија. Епископот дремвитски г. Давид со пригодни зборови му посака добредојде на Архиепископот г.г. Стефан, којшто, пак, отпоздрави со вдахновено обраќање. Архиерејите ги разгледаа монашките послушанија и се задржаа во пријатен разговор, стои во информацијата за настанот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *