Митрополитот Јаков од Ирска: Војната е најголемиот грев

Date:

Share post:

Митрополитот на Ирска Јаков од Вселенската патријаршија објави порака на социјалните мрежи во која се осврна на ескалацијата на насилството на Блискиот Исток и ги повика верниците да се молат за мир и помирување.

Во своето обраќање архиерејот истакна дека војните секогаш најтешко ги погодуваат невините луѓе. „Во изминатите дваесет и четири часа повторно бевме сведоци на суровоста на војната на Блискиот Исток, во која се вклучени многу држави. Иднината изгледа неизвесна, а уште еднаш најмногу страдаат невините луѓе“, напиша митрополитот.

Тој нагласи дека Црквата постојано се моли за мир во светот и ја опиша војната како сериозен морален неуспех што произлегува од поделбите меѓу луѓето. „Војната е најголемиот грев, затоа што е резултат на завист, на отсуство на љубов и на нарушување на единството меѓу луѓето, кои се повикани од Бога да живеат заедно во мир, во дух на помирување, љубов и хармонија“, истакна митрополитот Јаков.

Тој изрази жалење што овој идеал на единство и заемна почит е далеку од реалноста, додавајќи дека „Блискиот Исток повторно е во пламен“.

И покрај сериозноста на кризата, митрополитот ги охрабри верниците да не ја потценуваат силата на молитвата.„Нашиот практичен придонес можеби изгледа мал, но должност на сите нас е да се молиме непрестајно, за по Божја благодат сите страни да се просветлат и да надвладее мирот“, порача тој.

Во заклучок, митрополитот Јаков ја нагласи потребата од почитување на достоинството на секој човек и од градење љубов, единство и помирување. Тој ги повика верниците да се посветат на молитва – и лично и заеднички како членови на Телото Христово – молејќи го Бога да му дарува мир на вознемирениот свет.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img