Почетна Верски буквар Манастирски рецепти: Вкусот на природата
Манастирски рецепти: Вкусот на природата

Манастирски рецепти: Вкусот на природата

146
0

Во последната недела од велигденскиот пост можете да експериментирате со различни видови храна кои не содржат животинско потекло, туку се дар од природата. Секако ако не сте постеле до сега.

Иако правилата за пост се денови без масло, сепак за оние кои тоа не го можат, еве еден рецепт кој може да ви го разубави ручекот, а е добар и како мезе за големи хедонисти. Секако дека ќе го добиете сличниот квалитет и ако не користите масло…

Овој оброк, симболично наречен „вкусот на природата“ има многу специфичен вкус, ако се прави со шумски печурки, во случајот Сончарка – Macrolepiota procera (или како нардоски се нарекува Срндак), расте во есен. За овој рецепт се користени срмзнати печурки.

За оние кои не сакаат да експериментираат, можат слободно да користат индустриски крупни шампињони.

Потребни состојки:

-Половина килограм печурки – Срндак или Шампињони

-200 грама маслинки без коска

-Два страка праз

-Зачини

-300 мл. Томатело (сок од домати)

Подготовка.

Печурките се редат со отворениот дел нагоре во стаклено тавче, потоа во секоја од печурките се ставаат маслинки, вишокот се распределува околу печурките. Празот се сече на мали коцки и се праспределува во тавчето, се тоа се зачинува по вкус, и се прелива со доматниот сос.. Се попрскува со масло. (ако не сакате  не мора да користите масло)

Се пече 20 мунути, досека не се создаде убава смеса, во рерна на температура околу 170 степени.

На крај, декорирајте со сецкана зелена салата – путерка…

Ракијата е задолжителна, или добро суво црвено вино…

И да… манастирско лепче како додаток е фантастично…

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *