Почетна Вести Христијанство За Велигден задолжително маски и максимално почитување на мерките
За Велигден задолжително маски и максимално почитување на мерките

За Велигден задолжително маски и максимално почитување на мерките

315
0

МПЦ-ОА ги повика верниците пред и за време на Велигден на максимално почитување на мерките за заштита од Ковид 19 и на одговорно однесување. Истовремено МПЦ-ОА, посочува дека ќе бидат поставени редари, а каде има услови литургиите ќе се одвиваат на отворено.

-Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, имајќи ја предвид епидемиолошка состојба во нашата држава, а во пресрет на Велигден и Велигденските празници, како и досега, го повикува верниот народ на одговорност и почитување на зададените мерки од здравствените власти.

Воедно, ги известуваме верниците дека МПЦ-ОА, во претстојниот период на Страсната недела, кој изобилува со богослуженија, во храмовите и манастирите ќе бидат воведени и спроведувани следните мерки:

– Ќе бидат определени лица кои ќе се грижи за задолжително носење заштитни маски внатре и надвор од храмовите и за држење на пропишаното растојание;

– Каде што има услови, литургиите ќе бидат служени на отворено;

– Каде што има услови, ќе се воспостави посебен влез и посебен излез од храмот. Добро Воскресение, пишува во соопштението на МПЦ-ОА.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *