Архиепископот Стефан на средба со американски дипломати

Date:

Share post:

Архиепископот охридски и македонски Стефан на 21 октомври остварил средба со Бредли Гарднер, шеф на политичко-економскиот оддел, и Ендрју Ковтун, политички советник во Амбасадата на САД во Скопје.

На средбата присуствувале и епископот хераклејски Климент, секретар на Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА, и протојерејот Даниел Јовановски, шеф на Кабинетот на Архиепископот.

Според соопштението на Скопската епархија, соговорниците разговарале за историското и духовното наследство на христијанството во Македонија, како и за современите состојби и предизвици во сеправославниот свет. Не се соопштуваат дополнителни детали за разговорите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img